Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко Свест продолжува со реализацијата на програмата за праведна транзизиција со цел вклучување на сите заинтересирани граѓани, институции, организации да бидат дел од овој долгорчен процес, кој што ќе значи транформација и понатамошен развој без јаглен, со користење на како што рече раководителот на програмата за енергија, иновативни и вистински решенија во енергетскиот праведен развој на градот.

„Организираме настан кој што ги вклучува младите, со цел и тие да научат, да се информираат и да ги кажат своите решенија, иновативни креации и размислувања за тоа како ја гледаат визијата на Битола со нови иновативни виситински решенија кои што ќе значат живот за сите граѓани во градот“, рече Жарко Коневски-раководител на програмата за енерија.

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА ВИЗИЈА ЗА БИТОЛА” беше насловот на денешниот настан, а во фокусот беа младите, освен учениците од техничкото училишта активностите беа отворени и за пошироката јавност.

„За сите млади од 15 до 35 години, значи тука можеа да бидат вклучени и повозрасни со свои идеи за конкретни проекти, прототипи кои што функционираат и илустрираат некакви иновативни нови решени за алтернативно, користење на енергија или пак имавме идеи од ученици и млади за илустрации на технички решенија на истите теми кои што ќе значат енергетска иновација или креација“ рече тој.

Понудени се околу десетина проекти илустрирани и претставени и ова е можност да се види што младите нудат.

„Имено, ние учествуваме како организатори и реализатори на саемот на кој што се претставуваат нашите ученици со свои вежби кои што се во доменот на енергетската ефикасноист. Значи со многу ентузијастички пристап учениците денеска ги претставуваат своите трудови. Ова всушност е претставување, покрај вклучувањето во рамките на проектот и на нашето училиште, кое што е едно од најдобрите стручни училишта во Македонија. Ќе видете и сами што се имаат изработено учениците“ рече Жанета Сервини-директорка на техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола.

Денешниот настан поделен во некоку дела.
„Тоа е саем за технички изработки кој што го организираме во партнерство со средното техничко учиилиште „Ѓорги Наумов“ од Битола од каде ќе ни се претстават со повеќе од десет изработки кои што ја симболизираат иднината на енергетската визија за Битола. Вториот дел е изложба на технички илустрации. Објавивме повик за млади од 15 до 35 години, но сепак имаше интерес и кај помладите заедно со нивните ментори, професорите од основните училишта, значи имаме 23 илустрации кои што се во натпреварувачки дел. И исто така имам еден дел, а тоа е „Визија кафе“ односно имаме симулација на кафе бар каде што имаме подготвено специјално подготвено мени за кафе со осум проекти кои што беа израборени во други процеси во рамките на проектот „Битола без јаглен“ каде што и овој настан е дел, така што младите со скенирање на некои од тие проекти, значи по нивното читање ќе може да си нарачат кафе“ вели Марија Мерковска-Крушаревска од МКЦ Битола.

И повторуваме идејата на самиот настан е промовирање на нови иновативни форми на еколошка едукација и активизам кај локалната заедница, конкретно идејата е насочена кон претставување на еколошките проблеми од работата на термоцентралите и од фосилните горива и истовремено зголемување на свесноста од штетните последици врз животот на луѓето и животната средина и предлагање на решенија и инвестиции за надминување на оваа состојба.












