Со изведба на песната „,Кога падна на Пирина” започна Свечената академија по повод 100 години постење на Економското училиште во Битола. На свеченоста која се одржа во Офицерскиот дом присуствуваа сегашни и поранешни професори и ученици, стопанственици кои излегле од школските клупи на ова училиште, како и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Одбележувањето на јубилејот, а воедно и одбележувањето на патониот празник на училиштето годинава се одржа под мотото „Кога клупите би зборувале има многу што да се каже за Економското училиште Јане Сандански“.Денес одбележуваме 100 години постоење на нашето училиште, а денес сме тука и да искажеме почит на сите кои дале придонес за развој на воспитно образовсниот процес во нашето училиште, рече директорот на училиштето Александар Цветковски.

„Почетоците датираат од 1923 година кога за прв пат се формира како трговска академија каде што можеле да се школуваат само ученици кои покажувале одлични успеси, кои што понатаму се вклучувале во оние трговски бизнис процеси по коишто биле познати и е познат градот Битола односно за развивање на самата трговија. Подоцна преминува во академија, се до 1941. Од 1941 до 45 година училиштето продолжува да работи во текот на воени услови, за да во 1945 година го преземе училиштето во Јане Сандански по повод самиот херој од Македонија. Сите оние луѓе коишто значеја и беа важни за стопанството во градот, произлегуваат од нашето училиште“, рече Александар Цветковски, директор на СОУ „Јане Сандански“ од Битола.

Присутните гости ги поздрави градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој воедно им го честита јубилејот.
„Најголемото богатство за еден град се едуцираните кадри кои пренесувајќи го своето знаење и потенцијал, придонесуваат за развој и напредок. Битола, веќе докажано може да се гордее со голем број интелектуалци кои се школувале во нашите училишта.Токму ова, го потврдуваат и многу генерации средношколци кои во изминатиот еден век поминале низ училишните клупи на училиштето кое во далечната 1922/23 започнало да работи како Средна трговска школа, за по ослободувањето да продолжи да функционира како средно економско училиште „Јане Сандански“.Квалитетот на образованието што го нуди средното економско училиште, е претставен од многу наши сограѓани кои студирале и во градовите низ Македонија или надвор од нашата држава.И денес, со можностите за квалитетно теоретско, но и практично знаење, средното економско училиште може да се гордее на младите луѓе кои меѓудругото се оспособуваат за водење на сопствен бизнис низ стекнување на претприемачки вештини и знаења“, потенцираше градоначалникот Коњановски.

На свеченоста беше прикажан документарен филм за училиштето а беше промовирана и публикација. Директорот нагласи дека и во наредниот период ќе се фокусираат на создавање на кадри кои со своите знаења и вештини ќе придонесуваат за развој на новото време, дигитализацијата и технологијата.
Одбележувањето на стогодишниот јубилеј продолжи и денеска. Училиштето организираше и Отворен ден каде основците имаа можност да го посетат училиштето и да се запознаат со наставните програмски содржини кои ги нуди, се со цел Економското училиште да биде нивни избор.












