АД ЕСМ во согласност со својата стратешка цел за развој на обновливи извори на енергија, започна со активности за реализација на два значајни проекти – ФЕЦ Битола 1 и ФЕЦ Осломеј 2. Државата мора да ги исполни обврските за зелена транзиција и декарбонизација преземени од досегашните влади.
АД ЕСМ деновиве ја објави постапката за избор на изведувач за проектирање, набавка и изградба на два енергетски капацитети на обновливи извори на енергија ФЕ Битола 1 со инсталирана моќноњст од 20 Мегавати и ФЕЦ Осломеј 2 со моќност од 10 Мегавати. Парите се обезбедени од Европската Банка за обнова и развој,процесот во насока кон создавање квантум обновливи извори на енергија во сопственост на државата што ќе претставува значаен чекор кон исполнување на стратешките определби и обврски, на патот кон зелената енергетска транзиција на Македонија, најпрвин предвидена до 2050 година, а од пред два самити на Конференцијата за климатски промени , во согласност со Европската Зелена Агенда – до 2030. Изградбата на двете електрани ќе чини околу 25 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра ќе бидат грант од Европската комисија, што го намалува кредитот и самите трошоци за изградба за 20%. – беше соопштено при потпишувањето на договорот пред нецели три години.
Во Општина Новаци, проектот за ФЕ Битола 1 го претстави Александар Стефановски од Секторот за развој и инвест

иции на АД ЕСМ. Просечното годишно производство на електрична енергија од овој капацитет ќе изнесува околу 30 GWh електрична енергија, а ќе се изгради во кругот на РЕК Битола. Презентацијата ги опфати информациите за клучните аспекти, вклучително и Елаборатот за влијание врз животната средина.
„Од изведувањето на процесот за изградба на фотонапонска електроцентрала на локација на РЕК Битола – ФЕЦ Битола во Општина Новаци – Битола, и негова експлоатација, не се очекуваат значителни негативни влијанија врз квалитетот на животната средина. Можни се незначителни влијанија, кои потекнуваат од начинот на управување со: почва, отпад, ризиците. За таа цел, подготвена е Програма за заштита на животната средина во која се предложени активности за надминување на можните недостатоци, како и временска рамка за нивна имплементација. Со имплементирање на предложените мерки во Програмата, ќе се постигне интегрирана заштита на животната средина. Ползувањето на сончевата енергија, односно нејзиното трансформирање во електрична енергија овозможува економски придобивки, позитивно влијание и унапредување на животната средина. Зголемената употреба на овој обновлив енергетски извор во иднина би придонел кон развој на локалната економија, социјални придобивки (јавно здравје), односно една сигурна и безбедна иднина што е и главната цел на одржливиот развој.“
За фотоволтаичната централа Осломеј 2, со годишно производство од 16 GWh електрична енергија. Со неговата реализација, ќе се уредат и рекултивираат околу 20 хектари земјиште во кругот на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј, а преку зголемување на учеството на обновливите извори во производството на електрична енергија би се компензирале годишни емисии на јаглерод диоксид што директно ќе влијае кон поздрава животна средина за Кичево, Осломеј и околината – истакна заемник генералниот директор на ЕСМ Реџеп Асани при презентацијата во Осломеј.

Инаку, активностите започнуваат непосредно по завршувањето на Конференцијата за климатски промени во БАКУ, КОП 29. Конференција на којашто се постави нова цел за климата – опреазионализација на пазарната кооперативна имплементација на Парискиот договор при што „ги повикува сите актери да работат заедно за да го зголемат финансирањето на земјите во развој за климатски активности од сите јавни и приватни извори на најмалку 1,3 трилиони американски долари годишно до 2035 година“. Таа поставува цел од најмалку 300 милијарди американски долари годишно до 2035 година за климатските активности на земјите во развој. Овие пари треба да доаѓаат од широк спектар на извори, вклучувајќи јавни и приватни, билатерални и мултилатерални, како и алтернативни извори, а водечката улога ја преземаат развиените земји.
Проектот за изградба на фотонапонски централи го води Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ и Европската банка за обнова и развој.












