ЕУ преку ЕК го вклучи механизмот за цивилна заштита. Со цел да помогне во справувањето со евентуалните пожари, Европската комисија во пресрет на летото формира флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари и ангажираше пожарникари спремни за итна реакции кои се распордени на неколку локации низ Европа. Со денешната одлука стави дел од флотата во функција на балканските земји вклучително и Македонија. За помош во справување со пожарите во земјава се испратени еден хеликоптер од Србија, два хеликоптери од Словенија, хеликоптер и два авиони од Турција и авион кој е дел од противпожарната флота на ЕУ стациониран во Хрватска.

Во информацијата од портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари, Комисијата е подготвена да мобилизира и дополнителна помош. Противпожарната флота на ЕУ се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји членки на ЕУ. Дополнително, 556 пожарникари од 12 земји се стратешки распоредни на клучните локации во Европа, во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, кои се подготвени да реагираат во помош на локалните противпожарни единици во справувањето со огнените стихии.
извор: ЦУК












