ЕУ се подготвува за лансирање на две нови иницијативи за управување со границите кои ќе донесат промени во начинот на кој патниците влегуваат во 30тина европски земји. Системот ќе овозможува проверка и брзо пронаоѓање на тие кои ги пречекориле временските ограничувања за престој.
За 60-те земји во светот на чии жители не им е потребна виза за влез во ЕУ, од 10 ноември секое патување во една од земјите на блокот ќе бара пополнување на едноставен формулар.
Според законските измени кои ЕУ ги направи уште во 2017 година, полицискиот печат во пасошите се исфрла од употреба, а тоа што ќе се применува подразбира само поголема бирократија или административна работа што треба патниците да ја направат.
Сеуште нема точен датум. Тера лани информираше дека некои од државите членки на Унијата не се подготвени за новиот систем. Но, други се и, од 2025 година започнуваат.
Новите правила се „прашање на снимање, забелешка или регистрација, а не верификација“. Системот не испраќа повратни информации до патниците, не се издаваат дополнителни документи за преминување на границата на земја на ЕУ и не постои можност за забрана за влез во ЕУ само врз основа на на пополнет формулар. За ова Европејциве смислиле и апликавцја преку која треба да се попилнат податоците – кој сте,каде ќе одите, колку време ќе останете, дали низ државата само транзитирате. И за ова, како и за се што доаѓа од ЕУ има мноогу детаљи во три информациски системи кои водат до овластување за патување: ЕТИАС, ЕЕС, еу-ЛИСА.

Сега, патниците од Обединетото Кралство или земјите од Западен Балкан можат да влезат во Шенген зоната, каде што можат слободно да се движат и да престојуваат најмногу 90 дена во вкупен период од 180 дена без виза. Со воведувањето на ETIAS дозволите, ова ќе се промени. Носителите на пасоши од земји кои не се членки на ЕУ мора да аплицираат онлајн за оваа дозвола за да го поминат истиот период во границите на блокот, додека за подолг престој ќе треба да аплицираат за виза. Овој документ ќе го проверува граничната полиција при секое влегување во европските земји во кои ќе важи. ETIAS ќе важи три години, а во тој период ќе бидат дозволени неограничен број посети на овие земји. Во превод ЕТИАС значи токму тоа – европски систем за информации и овластување за патување. Се презема за поголема контрола во рамките на безбедносните проверки на луѓето кои патуваат низ Унијата без визи. И ова не е воведување на виза, туку давање на податоци, вашите генералии, дали сте под истрага за кривично дело, патувања во некоја од воените зони (сега или претходно), дали сте биле протеран од некоја земја или територија. За болести и пари не прашуваат. Дозволата за патување ( не е виза) ќе биде испратена на вашата електронска адреса, а најдоцна ова треба да го направите 96 часа пред конкретното патување. Ако ви побараат дополнителни податоци, ппланирајте евентуално патување по 14 дена, а ако ве побараат на интервју – планирајте патување по еден месец. Ова подразбира планирање на животот – првин позитивен ЕТИАС, после купување на карта и организација на сместување. За транзит низ земјите, ЕТИАС не е потребен, ама нема излегување од аеродромот – за македонските државјани добро позната пракса.

ЕЕС е систем за влез / излез. Ќе ги регистрира сите државјани кои не се членки на ЕУ или државјани на Исланд, Лихтештајн, Норвешка и Швајцарија. При првото влегување во земјата на аеродром треба да се внесат податоци, генералии, тип на пасошот, време на престој, граничната полиција ќе ги земе и вашите биометриски податоци- отисок на прст и фотохрафија и електронски ќе ги чува. И за ова има апликација и самоуслужни системи на граници, па ако се ова го направите од дома, ќе биде побрзо. На следните патувања ова треба да биде побрзо, затоа што граничната полиција ќе ги провери само отисоците од прстите.
Новите правила подразбираат дополнителни електронски податоци кои треба да се користат и од превозниците.

Авиокомпаниите имаат можност и треба да проверат кој се патува со нив. Дали искористиле еден или два влеза, дали имаат користат посебен „интерфејс за превозник“ што го постави Аегнцијата на ЕУ за оперативно иуправување со информациски системи во областа на слободата, безбедноста и правдата ( скратено eu-LISA). Ако има пречка, превозниците се тие кои треба да ги информираат граѓаните дали може да патуваат или не.
Воведувањето на ваквите системи на проверка се во насока кон навремено откривање на луѓе кои користат лажен идентитет, а притоа информацијата меѓу полициите се споделува во реално време.












