ТЕРА

REKLAMA???

ЖЕНАТА НЕКОГАШ И ДЕНЕС, КАКО БАРБИ ЗА ИНТЕРНЕТ

„Треба да бидете слаби, но не премногу слаби. И, да не кажувате дека сакате да бидете слаби, туку да велите дека сакате да бидете здрави.Мора да имате пари, но не смеете  да барате пари. Мора да бидете шеф, но не може да сте злобни. Мора да  бидете лидер, но не смеете  против идеите на другите.  Треба да сакате да бидете мајка, но не може да зборувате за вашите деца цело време. Мора да бидете жена во кариера, ама и да се грижите за домашните. Мора да одговарате за лошото однесување на пример на  мажите, што е лудост, но ако го посочите тоа, ве обвинуваат дека постојано се жалите. Ти треба да останеш убава за мажите, но не толку убава за да ги искушуваш премногу или да претставуваш закана за другите жени затоа што треба да бидеш дел од „сестринството.“

Многумина на социјалните мрежи покажаа дека жената денес се поистоветува со сликата напишана од сценаристката и режисер  Грета Гервиг, сосема различна од сликата на жената од пред 115 години. И не е феминистички поглед на местото на жените во светот, туку дел од општествените практики и културните норми за кои и Цеткин и Луксембург го започнале својот поход за жените.

1909 година првпат е одбележан 8 Март како ден посветен на женските права и ја симболизира борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Право на имот, право на работа, право на глас, право на образование, право да основаат семејство по сопствена волја и желба, да не бидат продавани на своите сопрузи.

50 години подоцна, на  9 март 1959 година на светот беше претставена првата кукла Барби.  Барби се појавила како резултат на желбата на една мајка нејзиното дете да игра со убава кукла. Рут Хендлер и нејзиниот сопруг од фирмата за изработка на рамки за слики Мател ги откупиле правата за изгледот на куклата за возрасни Билд Лили којашто првично била модна кукла од повоена Франција, а од 1955 година класична, за возрасни од Источна Германија. Времето на сексуалната револуција за жените  или светот) наметна нова борба – за репродуктивните права, семејното насилство, породилно отсуство, еднаква плата, сексуално вознемирување и сексуално насилство во брак.

Оттогаш, во 65те  години на Барби, жените зборуваа за недостаток на жени во раководството, дискриминација и нееднаквости на работното место, сиромаштија и немање економски можности.

За сето ова време, жената се идеализира или се критикува, се критикуваат сите идеи поврзани со жената. Како со куклата Барби.