Од 09:45 часот воведена е забрана за движење на ТМВ на патниот правец Битола-Ресен кај П.П Ѓавато, поради обилни врнежи од снег.
Од 09:00 часот воведена е забрана за движење на ТМВ и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка, поради обилни врнежи од снег.
Поради интензивни снежни врнежи од 8:45 чаасот на патниот правец А2 Струга г.п.Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.
Поради силен ветар големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до г. П. Јажинце од 8:40 часот се воведува забрана за автобуси и тешки товарни возила а за останатите задолжителна зимска опрема.
Патот од Гостивар кон Стража(Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за ТМВ.
Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој Стража и во Маврово од 04:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
фото: илустрација











