Националната Установа „Завод и Музеј“ од Битола годинава одбележува 90 години од своето постоење. Неколку настани ќе се реализираат во знак на одбележување на големиот јубилеј, значаен за институцијата и за градот. Првиот од нив е неодамнешното реконструирање на спомен куќата на народниот херој Стив Наумов. Денеска разговаравме со директорот Зоран Николовски.
90 годишниот јубилеј е показател за традицијата на институцијата којашто е чувар на многубројните докази за организираниот живот на територијата на сегашна Битола и просторот наречен Битолско Поле. Спомен куќата на народниот херој Стив Наумов е само еден од објектите кои покажуваат дека во градот живееле , работеле прогресивни слободоумни луѓе, кои до денес служат како инспирација на генерациите.
Во првите активности на Народниот музеј Битола, поточно на 4 јули 1961 година, а по повод Денот на борецот, отворена е за прв пат постојаната музејска поставка, откако објектот е реконструиран и адаптиран за ваква намена и сопственоста префрлена на Завод и Музеј. Реконструктивните работи ќе продолжат.
Културното наследство за кое се гриќи Завод и Музеј Битола мора да биде видливо за секој минувач, ако во фокусот на вниманието е улогата на ова матично богатство на битолчани кои овде развиваат туризам, бизнис, растат деца.
Со оригинални и откупени предмети спомен – куќата низ оригинални предмети дава претсатва за средно -имотливата фамилија на народниот херор, видливо и од врамените семејни фотографии, фотогрфии кои го претставуваат младичот Стеван Наумов – Стив кој студирал во Белград.На еден од ѕидовите се наоѓа и неговото писмо испратено до својата сестран во која открива за финансиските проблеми што ги имал во текот на студирањето. Уметнички дела го покажуваат револуционерниот пат на херојот, формирањето на Првиот партизански одред “Пелистер”, убиството на злогласниот полициски начелник Ќурчиев, макета која тродимензионално и со одредени светлосни ефекти го прикажува нападот на Партизанскиот одред “Даме Груев” на полициската станица-участок во с. Кажани.
Директорот Николовски вели дека следните два проекти кои ќе бидат реализирани во знак на одбележување на 90 годишнината од постоењето на националната институција се отворањето на Јени Џамија , кадешто долго време се спроведуваат работни активности за таа да биде вистински репрезент , Николовски вели „мал музеј на христијанско-исламското културно наследство.“ . На 9 декември свечено ќе биде ставен крајот на реставрацијата и конзервацијата на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново.