ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШИ САМИТОТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека е среќен сум што самитот на Отворен Балкан, резултираше со потпишани договори, кои се со конкретни позитивни придобивки за граѓаните од регионот.

„Голема благодарност до сите кои вчера и денеска беа дел од самитот на Отворен Балкан. Особена благодарност до моите колеги претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, за целосната посветеност и ангажираност.

Вратите на Отворен Балкан остануваат отворени. Да се видиме наскоро со истата енергија и со нови идеи и проекти за унапредување на нашата соработка“ вели Ковачевски.

Премиерот Ковачевски на завршната церемонија, на ручекот приреден за лидерите, учесниците и гостите на самитот, им се заблагодари на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на албанскиот премиер Еди Рама, како оперативни тимови, за целосната посветеност и ангажираност во реализацијата на сите активности кои произлегоа во подготвителниот период пред организирањето на самитот „Отворен Балкан” во Охрид.

Ковачевски им се заблагодари на премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и на Зоран Тегелтија, претседавач на министерскиот совет на Босна и Херцеговина, кои како гости пристигнаа во Охрид, и изрази надеж дека иницијативата наскоро ќе се прошири и со останатите земји од регионот.

Премиерот Ковачевски го поздрави и присуството на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји, како видео обраќањето на Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави и специјален пратеник за Западен Балкан.

Исто така, Премиерот го подвлече и учеството на деловните, бизнис заедници од регионот, кои ги прифатија сите иницијативи и со безрезервна поддршка учествуваа во креирањето на политиките за олеснување на соработката и регионалното поврзување, за слободен проток на патници, стока, капитал и услуги, како основа за поголем развој на економиите.