ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕД БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ

Денеска пред битолските советници беа завршните сметки на јавните претпријатија од градот за минатата година. Пред почетокот на седницата побараљвме одговор од дел од советниците за завршните сметки .

„Со оглед на целата економска криза и зголемувањето на цените за електричната енергија можам да кажам дека директорите кои што се поставени во јавните претпријатија успешно ја изменаџираа 2022 година. Најпогодено беше ЈП Водовод кое што доби повисоки сметки за електрична енергија за 50 %. Со едно домаќинско менаџирање сите директори на јавните претпријатија со намалување на зља нематеријалните трошоци успешно изменаџираа годината. Граѓаните ги видоа сите проекти што претпријатијата ги реализираа“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Нема да ги поддржиме завршните сметки на јавните претпријатија, затоа што состојбата во јавните претпријатија е катастрофална. Кога велам катастрофална тоа го поддржувам со аргументите дека јавните претпријатија директорите пред година дена ги презедоа во добра кондиција за да денес гледаме дека 90% од јавните претпријатија почнуваат да книжат загуби“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

„Ако треба да се даде седна отценка за завршната сметка на јавните претпријатија прво треба да се даде една отценка што тие јавни претпријатија наследија. На комисијата за финансии и буџет беше кажано дека скоро речиси сите јавни претпријатија беа наследени со големи долгови, така што тековните директори имаа навистина засукани ракави работеа да ги намалат тие загуби, а сепак граѓаните да не ја загубат услугата кое што треба да ја пружи јавното претпријатие“, рече Златко Лозановски, советник од ПОДЕМ.

На денешната седница на Совет присустуваа директорите на јавните претпријатија од градот.