ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА ДА СЕ РЕАЛИЗИРА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ДО „КОПАНКИ“ И „НИЖЕПОЛЕ“

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево”, „ЕСМ Молика” и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк” како и компанијата за превоз „МИГ Травел”, денес ја реализираа првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски го посети скијачкиот центар Копанки, каде како што се вели во соопштението од општината, се сретна со задоволните граѓани кои го искористија организираниот бесплатен превоз и ја поздравија иницијативата на општина Битола, за можноста битолчани да уживаат во убавините на планината. Реакциите на посетителите беле позитивни, со предлог да се продолжи со ваквите активности од страна на општината и во иднина.

Денес превозот го искористија 100-тина граѓани од различни возрасти, исто така беше обезбеден посебен превоз  за членовите од здруженијата со попречености.

Фото: Општина Битола