Синоќа Фондот за здравствено осигурување соопшти дека започна исплатата на платите на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки.
Исплатата ќе се исплаќа постепено, во етапи, и се очекува да заврши во следните 48 часа.
Во соопштението од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога се соочува со сајбер напад, кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.












