ТЕРА

REKLAMA???

ЗАХАРИЕВСКА-РАЛЕВСКА: ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ ИНСИСТИРАМЕ ДА ОСТАНЕ СО „ПАРК“

Kавгите меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ почнаа уште синоќа околу полноќ, а продолжија утрово преку фејзбук статуси. Темата е „Парк“ и проектот за велосипедските патеки. СДСМ вели дека општината во својот буџет има пари за восипедски патеки.

„На минатата седница не ја прифативме иницијативата на градоначалникот затоа што во развојните програми, во буџетот на општина Битола предвидени се велосипедски патеки, а „Smart4You2“ инсистираме да остани со објектот „Парк“ односно реконструкција, со оглед на тоа што на една од комисиите тие рекоа дека не се доволни середства од „Smart4You2“ еве сега и министерството за култура излезе во пресрет и министерката како битолчанка, значи 147 илјади евра се дополнителни средства кои што ќе му помогнат на општината да го реконструира објектот „Парк“, рече советничката Мирјана Захариевска-Ралевска.

ВМРО ДПМНЕ вели ако некој ни дава пари, зошто да се трошат општините и дека ваквиот однос на СДСМ е внатрепартиска пресметка, дотолку повеќе што министерството за култура ги дава парите за објектот „Парк“

„СДСМ е позната по нивното деструктивно делување. Пари за велосипедски патеки се обезбедени од европскиот проект „Smart4You2“, СДСМ наместо да им каже на граѓаните дека финансиските средства кои што се во буџетот дека не треба да се трошат кога имаме грант од Европската унија, тие изгубени во времето и просторот и со неставањето на таа точка, за која што кажуваат дека нема да ја поддржат, не ги поддржуваат ниту велосипедските патеки, а ниту пак одобрениот проект од нивната министерка за култура, не сакаат да го внесат во развојната програма со цел да биде изграден објектот „Парк“ кој што го бараа скоро десет месеци. Ваквото однесување на СДСМ е најверојано политичка пресметка меѓу ривалите кои што претендираат да бидат пратеници во парламентот на овие избори. А претпоставувам дека има и тука во Советот кои што претендираат на таа позиција и затоа си прават една вантрепартиска пресметка која е на штета на сите граѓани“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Коњановски предупреди дека е важно времето заради предизборието кое ќе се случи.

„Градоначалникот знае дека ако не предвидел во планот за јавни набавки одредена јавна набавка, може да побара од Советот измена на планот за јавните набавки и во Изборниот законик има два члена кои што точно го дефинираат ова. Ако е предвидена јавната набавката во планот за јавни набавки, слободно во време на избори може да се распише. Може и утре да ја распише“ рече Захариевска-Ралевска.

Захариевска-Ралевска одговори и на обвинувањата дека ако не се изгласа точката СДСМ ќе биде виновна за пропаѓањето на европските пари.

„Јас нема да се согласам дека СДСМ и новото мнозинство се виновни, се знае кој е локална власт во Битола и ако некој се обидува да спречи криминал посебно со европски пари не може да е виновник. Олигледно ние имаме реазлични перцепции за нештата“ рече таа.

Бојкоски вели дека нема криминал во проектот.

„Апсолутно не точно е тоа што го тврди СДСМ дека има некаков криминал во овој проект, бидејќи одобрувањето за промена на активноста во проектот е одобрено од делегацијата на Европската унија. Доколку имаше некаква неправилност анексот на договор немаше да биде потпишан“ рече тој.

17 советници гласаа воздржано со што барањето на Коњановски денеска на седница да се најдат овие точки не помина.