ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ВЕЧЕРВА НАЈАВЕН ПРОТЕСТ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО БИТОЛА

За вечерва е најавен протест на плоштадот „Магнолија“ во Битола од 19 часот. Информацијата, односно повикот за мирен собир е објавен на социјалната мрежа Фејзбук.

Никола Пискачев на својот профил напиша:

„Битола е предвесник за победа затоа приклучете се за ДОСТОИНСТВО:

Достоинство за  наставниците. Ве повикуваме на мирен собир, (петок) 29.04.2022 во 19 часот, на плоштадот „Магнолија“,  заеднички сите да покажеме дека сме сплотени и дека заслужуваме да бидеме почитувани и вреднувани како што ни прилега.

„Каде и да најдете нешто извонредно, ќе најдете отпечатоци на одличен учител“. – Арне Данкан, стои во објавата на Пискачев.

Синоќа повеќе наставници вчера доцна попладнево се собраа пред седиштето на Синдикатот за образование наука и култура (СОНК) во Скопје за да го изразат своето незадоволство од одлуката на синдикалниот лидер Јаким Неделков за ставање на штрајкот во мирување.

Велат дека се чувствуваат изиграни од претседателот на СОНК и се изненадени од ваквата одлука, за која посочуваат дека нема согласност од членството.

Порачуваат дека штрајкот е за враќање на нивното достоинство и почитување на колективниот договор, а не како што велат, за ценкање со проценти и покачувања на платата од 18 отсто.