Проблемот со кучињата скитници е алармантен. По немилиот настан од викендот, бевме сведоци на политичките препукувања и префрлувања на одговорноста, а граѓаните бараат решенија.

Проблемот со кучињата скитници не е од вчера и денес, тоа е систематски проблем кој што бара една заедничка координирана акција не само на локалната самоуправа туку и на Агенцијата за храна и ветеринарство и полицијата, вели координаторот на сооветничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Бојан Бојкоски, прашан како се решава проблемот со кучињата скитници.

Координаторот на советничката група од СДСМ и Коалицијата Методија Илиевски го повтори она што го кажа на социјалните мрежи за време на викендот и повторно побара оставки.

На последните локални избори еден од капиталните проекти коишто беа ветени пред битолчани беше изградба на прифатилиште за бездомни животни. Како Совет буквално сите услови за изградба на тоа прифатилиште се исполнети,рече претседателката на Совет Габриела Илиевска .
Ребалансот на буџетот ќе биде на седница во јули а не денес, вели Бојкоски, прашан за тоа дали е точно дека дел од средствата за адаптација на проектот за прифатилиште се повлечени и наменети за други цели.

Од Подем велат дека на оваа тема не треба да се берат политички поени
Илиевски најави нивна иницијатива за решавање на проблемот со кучињата.












