ТЕРА

REKLAMA???

ЗА РЕПРОДУКТИВНОТО И СЕКСУАЛНО ЗДРАВЈЕ СО ДР.ВАНГЕЛОВ

Околу 1 милион случаи дневно со сексуално преносливи болести се регистрираат на светско ниво. Ваквата бројка ни кажува дека треба да ја подигнеме свеста за нашето репродуктивно и сексуално здравје, за да ги избегнеме негативните последици, вели др. Михајло Вангелов, специјалист по гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола, а по повод Светската недела на репродуктивно и сексуално здравје.  

„Светскиот ден за репродуктивносто здравје се одбележува во месец февруари. Направен е да се поттикне и да се подигне свеста кај лицата, да имаме едно сексуално образование и планирање на семејството со цел деа се намалат негативните ефелкти. Односно да се намали бројот на сексуално трансмитивни болести или да се намали бројот на несакани абортуси кај младите лица. На светско ниво може да се каже дека околу 1 милион случаеви имаме дневно со сексуално преносливи болести, што значи некаде на светско ниво околу 350 до 360 милиони лица годишно заболуваат од сексуално преносливи болести и сетоа тоа ни покажува дека еден огромен број на забележани и детектирани случаи дека треба да ја подигнеме свеста и да ги намалиме овие катастрофални бројки коишто можат да имаат доста негативни последици“, вели др.Михајло Вангелов, специјалист по гинекологија и акушерство.  

Мажите, жените и младите се малку информирани за репродуктивното и сексуално здравје. Сеуште за нив претставува табу тема, вели др. Вангелов.  

„За репродуктивното и сексуално здравје според мене, мажите и жените се малку информирани, зависи во кој дел од Европа, ама еве и кај нас моето искуство кажува дека мажите и жените се малку информирани и ова сеуште пртетставува табу тема. Зошто зборувам дека е табу тема, затоа што сеуште постои срам да се консултираат со гинеколог, со матичен лекар што да превземат во врска со нивната заштита или што да превземат во врска со планирањето на семејството. Во европските земји постојат некои убави планови стратегии. Пример во Шведска има сексуална едукација кај младите лица и доста е намален бројот на несакани абортуси, затоа што ако не ги едуцираме младите и не се едуцираат мажите и жените и сето тоа ќе влијае негативно и ќе имаме последица на голем број на инфекции, голем број на заразни заболувања, голем број на карциноми, затоа што тие сексуално преносливи болести следствено може да имаат големи проблеми како карцином на грлото на матката кај жените, или пак карцином кај половиот орган кај мажите, така што мислам дека треба повеќе да се работи да се ослободат луѓето, да се едуцираат, да прашуваат, затоа што ние гинеколозите или лекарите претставуваме една почетна карика кадешто може да се започне од кај нас со самата информација, а секоја информација претставува злато верувајте ми, секој што е добро едуциран нема да настрада“, вели др.Вангелов  

Кај млaдите состојбата е загрижувачка, вели др.Вангелов.

„Затоа што младите многу порано созреваат, за разлика од пред 10 години. Многу порано добиваат менструални циклуси, а со самото тоа и хормоните реагираат и влегуваат порано во сексуални односи. Зото е така, тоа не знам, меѓутоа е грешно. Зошто е грешно, затоа што тоа е табу тема и кај родителите се помалку се зборува, дали постои некој блок, некој срам самите деца да им се обратат на своите родители, па колку толку да бидат информирани. Што се однесува до гинеколошките прегледи, младите треба да започнат со гинеколошки прегледи веднаш по добивањето на менструалниот циклус. Значи прегледот може девојчето да го направи во присуство на дватата родители“, рече др.Вангелов.

По некое правилило еднаш годишно жените треба да направат гинеколошки преглед  кој вклучува ултразвук, брисеви и пап тест,  со тоа што доколку еднаш годишно ги прават регуларно ние вели би се заштитиле максимално. На мажите им советува да одат на уролог за да се заштитат и со тоа следствено да се избегнат поголеми проблеми.

„Има доста  жени што немаат матичен гинеколог, има жени и покрај советите од матичните гинеколози и пораките од Министерството за здравство испраќаат да одат на гинеколог, тие не одат. Се случува 10 години да неодат на гинеколог и после доаѓаат во една критична живото загрозувачка состојба каде што неможе никој да им помогне, така што советувам дека скринингот е една од најбитните работи за да не би имале некој ризик со лоши последици. Планот и пртистапот на здравствена заштита кај нас е добар. Пациетните кај нас треба да поработат на самата свест. Во гинекологијата постојат многу болести многу карциноми кои тивко можат да настапат и да завршат фатално за краток период, затоа апелирам да ги посетуваат своите гинеколози се со една цел да го заштитат своето семејство и околината“, вели др.Вангелов.  

Под репродуктивно и сексуално здравје СЗО дала една дефиниција која опфаќа потполна благосостојба, физичка, емоционална и социјална која што е поврзана со репродуктивните органи и репродуктивното здравје. Лицата да имаат нормална сексуална активност, нормален сексуален живот, меѓутоа и способност за репродукција и свесно да одлучуваат кога и каде ќе ја остварат истата, рече др.Вангелов.