ТЕРА

REKLAMA???

ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАК

Секој 4-ти февруари, светскиот ден на борба против ракот го привлекува вниманието во светот кон ракот и неговата превенција, дијагностицирање и лекување, признавајќи ја посветеноста на организациите, заедниците и индивидуите за намалување на глобалното влијание на болеста. Новиот предизвик се детските ракови болести.

Надеж, Страв, Љубов. Милиони се дијагностицирани со некое раково заболување годишно, бројот е во пораст, а секој број е лице, човек. И секој има своја приказна и порака, но единствена цел – нивниот проблем да го добие заслуженото внимание од здравственииот систем на државите за да ја добијат негата што им е потребна.

Ова е годинешниот апел кон граѓаните на светот во одбележувањето на светскиот ден за борба против ракот и повикот од Светската здравстевна организација ( СЗО) до сите влади и други засегнати страни да дејствуваат сега за откривање најпрвин на ракот на дојка, потоа сите други и најмногу раковите болести кои се јавувваат кај деца и се во пораст.

Светската статистика зборува дека еден од 5 лица во моментв добива дијагноза за некакво малигно заболување, попрезицно малиген рак – канцер.  Незаразните болести, меѓу кои се и раковите болести, се вбројуваат во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човешвото. Само во 2021 година околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од рак. Но не е само предвремената смрт она што загрижува. Тука се изгубената продуктивност, здравствените трошоци, изгубените примања, намалениот квалитет на живот, попреченоста.

Во Македонија после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт.Според извепштајот на Институтот за јавно здравје до кој дојдовме, Во периодот 2010-2023 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 205,0%000 во 2023 година.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите е повисока во однос на жените,

Во периодот 2010-2023 година стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 791,3 во 2023 година на 100.000 население, а Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години е повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години е значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години морталитетот е повисок кај мажите во однос на жените. Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2023 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 65,5 во 2022 година и 68,3 на 100000 мажи во 2023 година. Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2023 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 37,5 на 100000 жени во 2023 година.

Македонските и светските бројки упатуваат на раширеноста на овие болести кај населението и , како што упатува пораката, овие заболувања не бираат ниту пол, ниту возраст, ниту професија.  Овогодишниот видео-спот на организацијата Унија за меѓународна контрола на ракот, (UICC) потенцираат некои факти

 

Некои факти: 

Годишна смртност

10 милиони луѓе умираат од рак секоја година. Тоа е повеќе од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза заедно.

Умирања што може да се спречат

над 40% на смртните случаи поврзани со рак се поврзани со фактори на ризик кои може да се променат, како што се пушењето, употребата на алкохол, лошата исхрана и физичката неактивност.

Рано откривање

скоро 1/3 од сите смртни случаи од рак може да се спречат преку рутински скрининг, рано откривање и третман.

Географско влијание

70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок до среден приход.

 Економски трошоци

1,6 трилиони долари се проценети вкупните годишни економски трошоци за ракот.

Кампањата за борба против ракот годинава го носи насловот „Обединети од уникатност“ – ги става приказните на луѓето во фокусот на вниманието , повторувајќи на човештвото кое можеби подзаборавило, можеби не може да се ангажира доволно, дека бројките на заболени од рак се луѓе, нивни приказни, не се дијагноза, не се болест, туку предизвик за истрражување, навремено откривање, психолошка поддршка, оздравување. Во поддршка на ова последното, се верува дека најпрвин скандинавските, а потоа и некои од државите на САД се земји кадешто се почесто е пребројувањето на излечени.

 

извор: ЦЈЗ/СЗО/UICC