Членови на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола го посетија Домот за стари лица „Сју Рајдер” и донираа 100 постелнини. Штитениците во домот ги поздрави претседателката на Здружението на пензионери, Даница Петличкова и воедно им посака здравје и долг живот.

„Донацијата ја даваме за нашите пензионери кои животот го продолжуваат згружени во Домот „Сју Рајдер“ во Битола. Тие се наши пензионери, наши граѓани, наши пријатели кои заслужуваат да имаат мирен, спокоен и сигурен дом”, рече Петличкова.

Заедно со претставниците од Здружението беше и пејачката група „Сирма Војвода” која на штитениците од Домот им одржа и концерт со народни македонски песни.
Задоволни станарите на Домот запеаја и заиграа заедно со посетителите. На крај ги испратија со аплауз и желба пак да ги посетатат.
Фото: Здружение на пензионери-Битола












