Безбедно враќање на украинските заробеници кои се во рацете на Русија е единствениот резултат кој е прифатлив за Володомир Зеленски, порача украинскиот претседател во однос на војниците кои ја бранеа фабриката за челик „Азовстал“ кај Мариупол, а сега се во рацете на руските сили.

Зборувајќи пред новинарите, Зеленски рече ѝ верува на управата за разузнавање при Министерството за одбрана и оти само враќање на заробениците дома е единственото нешто што тој би прифатил.

Според проценките, по преземањето на контролата, повеќе од 2 500 лица од украинска страна сега се воени заробеници.
На брифингот за медиумите, Зеленски зборуваше и за ситуацијата во Северодонецк и Лисичанск, кои се регионите каде се водат најжестоките битки. Овие градови, тој ги оцени како мртви, но вели дека сепак украинските сили се обидуваат да издржат.












