Ротаријанците и стопанствениците на еднодневен семинар, за иднината на компаниите по кризата која нанесе сериозни загуби во речиси сите сфери на живеење.
„Целта на еднодневниот семинар е учесниците да се стекнат со знаења и насоки за успех на нивните компании во посткорона кризата, да го осознаат патот до нови клиенти и зајакнување на комуникацијата со постојните клиенти“ вели Владимир Христовски, претседател на Ротари Клубот Битола Широк Сокак.

Предвач на семинарот беше Драгица Корењак, дипломиран менаџер, независен консултант, мотиватор и експерт за продажба.
„За нас повозрасните дигитализацијата е некоја нова работа, меѓутоа таа е меѓугенерациска соработка, бидејќи таа меѓугенерациска соработка може да даде побрзи резултати, што значи дека младите имаат искуства, имаат знаење за дигитализацијата, а ние повозрасните имаме искуства со тешките клиенти, со тоа како се работи, како нештото да се направи полесно, подобро, односно јас би рекла една композиција од знаење, теорија и пракса за иднината после ковидот“ рече Корењак.

Таа рече дека ковидот ги проемени и некои особини кај луѓето.
„Навиките, купувањето, контактите, комуникацијата, многу се променија и мене ми е многу тешко кога гледам дека некои луѓе се многу затворени, мислат дека тие не можат, дека се некако се променило, но ништо не се промени, ние мораме да го промениме своето размислување, бидејќи кога имаме проблем, мораме да го бараме решението, ако го бараш решението, тогаш го гледаш излезот од оваа криза“ вели таа.
Организатор беше Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ .