ТЕРА

REKLAMA???

Поголема безбедност за битолчани: Поставени заштитни столбови на „Црн Мост“

На Црн Мост во Битола во продолжение на коловозот по кружниот тек, каде што фреквенцијата на сообраќај вообичаено е голема, поставени се нови заштитни столбови кои физички го регулираат и насочуваат сообраќајот.


Со поставувањето на оваа сигнализација, сега јасно и прецизно е означено каде точно треба да се движат возилата. Ваквата интервенција директно придонесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот.


Со поставувањето на столбовите оневозможено е дивото исклучување на возилата што во минатото беше причина за сообраќајни незгоди.


Имено, во минатото, овој потег кај „Црн Мост“ беше црна точка за возачите пред сè поради неодговорното однесување на дел од учесниците во сообраќајот.


Најчеста причина за судирите беше несоодветното и диво минување преку коловозот од страна на возачи кои по секоја цена се обидуваа да се движат по пократок пат за да се исклучат од главниот пат.


Со новите столбови, ваквите опасни маневри веќе се физички оневозможени. Новиот сообраќаен режим треба да воспостави ред на оваа локација, да го олесни протокот на возила и, што е најважно, да ги заштити животите на сите учесници во сообраќајот – како на возачите, така и на пешаците.