Сенаторите на УКЛО на 229 седница одржана на 27.11.2024 г. едногласно го избраа д-р Филип Поповски, вонреден професор од Техничкиот факултет – Битола, за претседател на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, информираат од УКЛО.
Постапката за избор на нов претседател на Сенатот со тајно гласање ја спроведе Изборна комисија, во согласност со законската и статутарна процедура.
Мандатот на новиот претседател на Универзитетскиот сенат е до 29.11.2025 г. Заблагодарувајќи се за поддршката, претседателот на Сенатот, вонр. проф. д-р Филип Поповски ја истакна определбата да продолжи успешното работење на единиците и Универзитетот во целина, со заложба за јакнење на севкупните капацитети во сите домени на универзитетското делување.
Претседателот на Сенатот на УКЛО Поповски, оваа функција ја извршуваше во претходните три месеци, по престанок на мандатот на тогашниот претседател, проф. д-р Николче Јанкуловски, по неговото именување на функцијата заменик министер во Министерството за финансии.