Битолската Дирекција за заштита и спасување денеска информира дека продолжуваат наменските ископувања и откривањето на старото оружје за кое се претпоставува дека е од Балканските војни. Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов вели дека денеска биле извадени 1.408 паричиња остатоци од стари пушки. Тоа заедно со претходно откриените вкупно изнесува 1.822 парчиња остатоци од пушки. Досега е пронајдена и една артилериска граната и преку 30 куршуми.
Во текот на денешната рабоат повикале и помош од раководителот на македонските пиротехничари Ефтим Митров.
Во текот на викендот екпите имале и друга интервенција. Имено на земјоделска обработлива површина лоцирана на патот за Могила, кај старата опожарена пилана, во тек на земјодеслки работи била откриена артилериска граната со калибар 155мм. Пиротехничарот Стефанов анализира дека гранатата била помината низ цевката на оружјето, но од непознати причини, на местото кадешто викендов била пронајдена не експлодирала. Оттука, опасноста е уште поголема доколку се споредува со остатоците од пушките што се откриваат во градилиштето.
Денеска имале уште една пријава за пронајдена артилериска граната, со ккалибар од 75 мм, во нива долж патот за селото Росоман. Оваа денеска била подигната и веќе е одложена во безбедно место.
Битолските пиротехничари побарале и помош од раководителот на македонските пиротехничари Ефтим Митров.
На градилиштето во касарната кадешто се работи на новата битолска противпожарна станица ќе се работи до крајот на оваа работна недела, а според очекувањата, тимот пиротехничари очекува да пронајдат до 3.000 парчиња старо оружје.











