Битолски „Водовод“ информира дека во текот на утрешниот ден 22.01.2025 ( среда), поради изведба на приклучок на регионалната водоводна мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Општина Могила, а со намален притисок корисниците од селата: Будаково, Трап, Чарлија, Добромири и Мусинци.
Прекинот ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите околу приклучокот.












