Битолската полиција сооопшти дека во текот на викендот (08/09/10.03.2024) продолжија контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 220 возачи, меѓу кои 164 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 24 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкциии за управување без возачка дозвола, 11 мерки за непрописно паркирање…
Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.












