Како што веќе информиравме на последната седница на Советот на Општина Битола, советникот од ВМРО ДПМНЕ, Михајло Вангелов предложи две точки за интонирање на химната на Македонија во училиштата и пред почетокот на секоја седница на Советот на Битола.
Со мнозинство гласови предлозите беа прифатени.
Во Советот има разглас преку кој може да се реализира тоа, но како што пренесе претседателката на Советот, Габриела Илиевска, немало во сите училишта, па даде свој предлог како тоа да се обезбеди.
„Ја слушнав информацијата од колешката Кети дека во некои училишта нема разглас, па имам еден предлог. Бидејќи ние како Општина даваме доста средства на културни уметници кои што добиваат средства и кои што имаат свои настани, сметам дека во училиштата каде што нема разглас можеби треба да ги ангажираме оние уметници, како Камерниот оркестар кој што зема средства од Општина Битола, бидејќи таквите училишта би ги ставиле во подредена позиција и нема да можат да ја слушаат химната, сметам дека на тие места треба да се изнајде начин и истото да биде реализирано“, рече Илиевска.












