На седницата на Советот каде повторно се зборуваше за велосипедските патеки и објектот „Парк“, жестоки беа говорите на советниците, односно нападите кон колегите. И тоа не е само за едната од страните во советот, туку ги има од левата и од десната страна. За нивото на кое е симната дискусијата и начинот на обраќање кон колегите, често јавноста има свои забележки, а и самите советници меѓу себе.
„Сакате да кажите, да наметните авторитет или да кажите кој е поглавен. Дали Бојан или Ѓорѓи шо предлагате исти точки. Смешно е, смешно е. Двата преложивте исти точки. Искрено мислев дека можи има некакво сценарио, на крајот испадна жива глупост. Јас до сега го немам видено ова, двајца колеги да станат, да во различна седница ок, логички имаш намера на некаков став. Во иста седница истото го предлагате двајцата и истото го кажвате двајцата. И пак ќе ти кажам. Знам која ти е целта, „Smart4you2“.
Утре кога ќе оди градоначалникот во обвинителтсво да кажи се, која му е намерата и целта за пренамена на средствата, како искусен правник ој подучиго, после то кога ќе стигнат записниците и кога ќе стигнат процесите дојесетеја тука точката на Smart4you2 јас прв ќе ја гласам“ му рече Илиевски на колегите од ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски и Ѓорѓиевски.












