ТЕРА

REKLAMA???

ИНИЦИЈАТИВАТА ИЗГЛАСАНА. А, ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ТАКСИТО?

Барањето за поскапување на такси превозот во Битола, денеска на седницата на Советот на општина Битола. Своите причини такси превозниците пред некоку дена ги образложија на комисијата за финансии. Денеска точката се најде на дневен ред на пленарната седница. Бидејќи тогаш го слушнавме нивното размислување, денеска пред седницата поабаравме одговор од советниците.

Бојкоски вели дека денеска точката не е за поскапување, туку за иницијатива за отпочнување на постапка за зголемување на цените.

„Тоа е иницијатива од страна на Здружението на такси превозници во Општина Битола. Согласно она што го видовте на комисијата имаше и претставници од такси компаниите. Беше донесен заклучок дека треба да се формира работно тело, кое што ќе ја испита предложената цена на такси превозот и да се изјаснат дали таа цена ќе биде прифатена или ќе се направи некаква модификација по однос на предложената цена“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Советничката Трајковска од ДОМ вели дека таа доаѓа од приватниот сектор и во целост ги разбирала нивните барања.

„Затоа што многу е жално што во креирањето на јавните политики многу малку учествуваат од приватниот сектор за да ја сфатат нивната борбата. На први нема плата ако не си ја сработат платата и тие мора да си овозможат можност за заработка на основна егзистенција. Се согласувам, можеби е висока цената, не знам дали е точно висока или не бидејќи не знам да пресметам кои се нивните реални трошоци, внимателно ги слушавме кога беа дојдени да ни образложат, меѓутоа тоа сепак е пазарна економија и тоа е на нивна штета, доколку се зголеми цената можеби ќе имаат помалку клиенти кои ќе треба да ги возат. Меѓутоа ако сакаме да ја задржиме цената тогаш треба да обезбедиме некакви субвенции за тие луѓе да можат да си обезбедат егзистенција“ рече советничката од ДОМ, Анастасија Трајковска.

Претседателката на Советот, Илиевска вели дека иницијативата потекнува од Здружението на таксисти за покачување на цената и тие како Совет можат да ја прифатат или да не ја прифатат.

„Меѓутоа морам да нагласам дека на трите состаноци кои што ги имавме со претставници од такстистите, тие си ги изнесоа нивните барања и кажаа дали нивното барање е оправдано или не. Сепак во градот, Битола како град се уште нема јавен превоз и за тоа ние мора да сватиме дека не се криви таксистите што Битола нема јавен превоз, што Битола не може да му обезбеди на граѓаните нормално да стигнуваат до дестинациите, за на работа, за на училиште, за да ги извршат своите обврски и тоа не значи дека ние на приватниот сектор треба да му одредуваме како да работи, бидејќи и таксистите се граѓани на Општина Битола. Согласно тоа и она што го видов на комисија, видов дека нивното барање сами си го објаснија, нивните начини на работа си ги објаснија, бидејќи ние не работиме таксисти, не можеме да ги знаеме и сметам дека доколку тие не се рентабилни сами ќе си го сносат нивниот ризик“ вели претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

Велевски од Левица кажа дека тие секогаш ги застапувале интересите на граѓаните.

„Така што како и претходно што беа на дневен ред точки за покачување на автобуски превоз исто и на таксистите, ние гласавме против, ќе гласаме и за ова против, затоа што треба да ги застапуваме интересите на граѓаните, а не на поединци, олигарски да ги наречам кои што сакаат да се збогатат преку ноќ“ вели советникот од Левица, Горан Велевски.

Советникот од СДСМ, Илиевски пред седницата кажа дека нема да ни го каже ставот на советничката група.

„Имаме соодветни прашања, пред се према општинската администрација, така што мислам дека ќе развиеме дискусија по однос на точката, па потоа низ дискусиите ќе го изградиме дополнително нашиот став“  рече советникот од СДСМ, Методија Илиевски.

Дискусиите и прашањата вообичаено се на комисиските расправи. И тогаш имаше неколку. Од СДСМ Корлевски поставуваше прашања.

Нивната иницијатива денеска беше изгласана со гласовите на ВМРО ДПМНЕ, ПОИНАКУ и ДОМ, против биле од Левица, како и што кажаа, а воздржани од СДСМ.

Со ова, оваа иницијатива се препраќа во општинската администрација.

Се бара 60 денари за старт без километар и секој нареден по 35 денари. Тарифа за чекање 400 денари за еден час. Сегашните цени се 60 денари старт со вклучен клометар, секој нареден по 25 денари, чекање за еден час 300 денари.