Гостин на неделата во „Ритамот на градот“ денес беше Марија Станојоска, од Кичево, која своето средно образование го заврши на Државното музичко училиште во Битола. Таа организираше спој на традиции и култури низ музички настан преку кој ја претстави и Македонија, како и нашата богата музичка култура.
Марија Станојоска, како организатор, стоеше зад впечатливиот концерт во Франција, каде што настапија романци кои ги претставија различните култури, меѓу кои и Македонија, Романија, Франција, Турција и Србија. На овој настан, учениците на Марија ги изведоа специфичните песни и композиции на различните земји, создавајќи мост што ги обедини културите и традициите.
Запознајте ја Марија, музички талент, одблиску и погледнете го целото интервју.











