ТЕРА

REKLAMA???

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ПРЕДУПРЕДУВА НА ТРГОВСКА ВОЈНА СО ЗАПАДОТ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп  најави царини од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ).

„Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, рече Мелони.

Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен договор.

„Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш“, додаде италијанската премиерка, додека ЕУ вчера кажа дека за почетокот на август го одложува својот одговор во противмерки со надеж дека дотогаш ќе се постигне договор.