Кога во едно општество сè помалку се известува од малите општини, граѓаните остануваат без глас, а локалните власти без задоволителна јавна контрола. Истражување на „Наратив АИ“ покажува дека дури 49 од 80 општини во Македонија немаат сопствени локални традиционални медиуми.
Кој ги следи локалните власти, кој ги отвора проблемите на граѓаните и кој известува за случувањата во малите општини? Во речиси две третини од општините во Македонија нема сопствен локален традиционален медиум. А во дел од нив, граѓаните не се покриени ниту од регионалните медиуми. Ова го покажува истражувањето на NarativAI, регионална балканска невладина организација која се занимава со истражувања и иновации за медиуми, а која ја изработи првата мапа на медиумски пустини во Македонија и Србија.

Според истражувањето, 49 од вкупно 80 општини во Македонија немаат сопствен локален печатен, радио или телевизиски медиум, додека пет општини немаат покриеност ниту од регионалните традиционални медиуми. Истражувањето покажува дека медиумското присуство не е рамномерно распределено и дека жителите на помалите средини имаат значително помал пристап до локални информации.
И , ова е состојба во државата којашто се продолжува уште од времето на затворање на лоикалните радија, велат познавачите. Радија кои иако беа дел од јавниот сервис на МРТВ, беа или нетранспарентно продадени или оставени без финансии па самите згаснаа.
Но, проблемите не завршиваат со отсустгвото на медиум во одредена општина. Дури и таму кадешто постојат локални редакции многу е дискутабилно колку од нив имаат капацитет за редовно известување и сопствена продукција.
Но, можеби најголемиот проблем се појавува од фактот дека локалните средини најчесто се многу мали и локалните центри на моќ се еден центар на моќ.

На ова упатува неодамнешното истражување на „Реактор“-независна,непрофитна истражувачка и тинк-танк организација со седиште во Скопје. Истражувањето се однесуаваше на условите во кои работат новијнарите, медиумската слобода и отпорност, редакциски ресурси и изложеност на политички и економски притисоци.
Нивното истражување вели : „Во малите средини, каде што сите се познаваат, односите меѓу сопствениците на медиумите, локалните политичари и бизнис-заедницата можат дополнително да ја отежнат работата на новинарите. Финансиската зависност и блискоста со локалните центри на моќ создаваат ризик за уредувачката независност и изборот на темите за известување.
ИСтражувањето на „Реактор“ укажува и на несигурни работни услови за новинарите, нивната недоволна заштитеност , вознемурвањата и дискриминацијата со која се соочуваат новинарките.

Недостатокот од млади кадри е исто така нотиран проблем – младите го гледаат само гламурот на медиумите, а потклекнуваат пред макотрпните истражувања и барањето точни информации.
Важни се и констатациите дека медиуми на локално ниво се сведени на човек-редакција. Различни интернет страни на здруженија на гражани кои не плаќаат данок ниту вработуваат лиуѓе ниту имаат седиште што не е во домот на сопсвеникот-главен и еди9нствен новинар, кои се промовираат како медиуми и уживаат во средствата за рекламирање што ги имаат партиски водените приватни или јавни претпријатија.
Сите овие моменти како потписник го имаат економскиот дел – недоволната финансиска надомест за трудот и конзумираното време.
„Економската слика на медиумите , особено локалните, ја дополнуваат и анализите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тие укажуваат на ограничениот потенцијал на македонскиот медиумски пазар, скромните рекламни буџети и тешката финансиска одржливост на голем број медиуми. Во такви услови, локалните редакции тешко можат да обезбедат доволно новинари, сниматели и технички персонал, а уште потешко да инвестираат во сопствена продукција и истражувачко новинарство.“
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во своите анализи предупредува на нискиот социоекономски статус на новинарите, особено во локалните и приватните медиуми, како и на ризиците од политичко влијание врз медиумскиот плурализам преку распределбата на јавните средства.

Оттука, проблемот има две димензии: од една страна постојат оппштини во кои нема медиуми што редовно ќе ги следат локалните случувања , од друга страна има медиуми кои немаат ниту пари, ниту луѓе, ни професионални услови за квалитетно и независно известување. Па лесно стануваат подлога за ефтино нарушувањед на новинарските и законски определите стандарди за да го има статусот медиум.
Директната последица е оценката за демократскиот капацитет на државата , што на локално ниво подразбира дека последиците ги чувствуваат граѓаните: нема кој да отобори прашање за улицата, водоводот, работата на јавните претпријатија, каменот во велосипедсктата патека. Тоа значи нема кој да им даде јавност на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат и за нив немаат одговор од локалните власти.











