ТЕРА

REKLAMA???

И КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛНА БОЛНИЦА

Не само „8 Септември“, регионални болниците ќе станат клиничката болница во Тетово, клиничката болница во Штип и клиничката болница во Битола, вели министерот за здравство Арбен Таравари.

„Видете, не е само Штип и Битола, идејата е и 8 Септември да се дисперзира и идејата е цела онкологија да функционира слично на трансфузиологија. Значи, институтот, односно клиниката за онкологија и радиотерапија, да биде одговорна за сите центри, и во 8 Септември, и во Битола, и во Штип, и во Тетово“ вели Таравари.

Во интервјутото за Радио Слободна Европа, министерот вели дека така би функционирало најдобро, под ист чадор да се сите, како што функционира и трансфузиологија одамна во Македонија.

„Зошто велам дека е најлесно, бидејќи докторите од 8 Септември, Битоа и Штип би биле под надзор на клиниката, каде што се најкомпетентните доктори кои работат на таа патологија и би знаеле која терапија каде може да се даде слободно, без никакви компликации. Ваквата организираност на Клиниката за онкологија со филијали во овие градови би било најфункционално. Ќе видиме, времето ќе покаже дали ќе функционират или нема да функционират“ вели министерот за здравство.