ТЕРА

REKLAMA???

И НА ОВАА КОМИСИЈА КАКО ДО СЕГА. ЌЕ ИМА ЛИ ПИШМАНЕЊЕ?

Шест точки на дневниот ред на седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности. На неа се најдоа неколку програми кои се менуваат, таа за улично осветлување за 2024 година, потоа за градежното земјиште, развојните програми за 2024-2026 и таа за 2025-2027 година, зимската служба и комуналениот ред.

Претставникот на оштината образложи кои се причините каде што менуваат сумите за дел од проектите и заради што се случуваат и овие промени.

Исто така некаде промени се вршат само заради промена во насловот на проектите.

А како се гласаше? Некои велат како и досега. Развојните програми и на комисијата не врват оти мнозинството на Советот е воздржано, не е против, туку со три гласа од левата страна дава сигнал дека и на пленарната седница овде може да се закочи работата.

На седницата в петок е ребалансот на буџетот. Дали повторно дел од мнозинството кое е на левата страна и сега со малку празни места, но со рокади на тоа кој каде е седнат, ќе биде пишман или како што милуваат да кажат дека живи се изедоа што му го гасале претходниот ребаланс, ќе гласаат за ребалансот или не, ќе видиме на самата седница.

А, следната сопка или се ќе биде како и до сега е буџетот за следната година. Во студениот декември ќе дознаеме, нешто таму пред да си посакаме среќна нова година, а во неа нови тркачи за пополнување на овој Совет, оти ќе ни биде изборна година.