ТЕРА

REKLAMA???

КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ ЌЕ НАСТАПИ ВО БИТОЛА

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент.

 „Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Интенцијата да се создаде висококвалитетен камерен ансамбл вроди со плод кој е евидентен во настапите на домашната и на меѓународната сцена. За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, МаријаЈанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија .

 Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља.

На програмата ќе бидат делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.