Државниот завод за статистика денеска ги објави информациите за бројот туристи кои ја посетиле државата во јули годинава. За Битола нема детални информации, ама според локалните туристички работници, Битола нема мерливи цели за туристичкото трошење.
Јулскиот шпиц ги исполни туристичките капацитети во земјава. Најновите податоци покажуваат дека во јули годинава Македонија ја посетиле над 223 илјади туристи, кои оствариле речиси 800 илјади ноќевања. Од нив 57% биле странски туристи, 43% домашни. И сите заедно оствариле 795, 083 ноќевања. Домашните туристи го урнале рекордот – оствариле речиси 67 % од вкупниот број ноќевања. Некои натамошни анализи веројатно ќе покажат дека годинава македонските граѓани летувале во домашните дестинации.
Во соопштението за јули 2026 година, Државниот завод за статистика објавува само збирни податоци на ниво на држава, не и конкретни бројки по поединечни општини. Па Битола не е вклучена во првичниот месечен извештај.
Локалните туристички извештаи и базите на државниот завод за статистика нудат почирок конктест и лозираат проблеми : проблем со капацитетите за сместување согледуваат локалните туристички водичи и туристички агенции. Така во екот на одржуавњето на најголемите концерти во градот и летните фестивали како Илинденски денови на пример, туристите биле исораќани во Ресен. Друг е проблемот што Општина Битола, иако има посебна буџетска ставка за промоција на туризмот, нема добра статистика, ниту податоци за туристичката такса којашто треба да влезе во општинската каса. Според податоците на ДЗС, во јули 2025 година во Битола дошле и ноќевале околу 6.000 туристи. За годинава, сеуште не се знае, по ниту еден официјален извор. Официјалните одговори на Општина Битола за бројот на туристи по новинарски прашања се дека информациите може да се најдат на Државен завод за статистика и на блискиот граничен премин Меџитлија. А туристичката такса, којашто по тарифник сеуште изнесува 40 денари, се прибира до крајот на годината, па оттука, неможе да има конкретен одговор. Последниот лоциран проблем е нелојалната или црната конкуренција во понудата на капацитет за сместување во градот. Локалните туристички работници алармираат дека реалната бројка е многу поголема. Поради исполнетоста на приватните апартмани и „сивиот сектор“, Битола во јули се соочи со недостиг на кревети, па дел од гостите беа пренасочени во соседен Ресен. Последниот проблем, кој очигледно го генерира проблемот во Битола е системски.

Ако во јули 2025 година биле регистрирани точно 6.011 ноќевања (податок на ДЗС), тоа значи дека сите хотели и легални сместувачи во Битола за цел месец јули во општинската каса уплатиле вкупно се 240.440 денари (околу 3.900 евра). За ова нема јасно видлив податок. Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на летото издаде вонредно соопштение во кое предупредува на масовно прикривање на приходите од издавање на апартмани преку платформите Букинг и Аирбнб, под претпоставката дека реалниот број ноќевања кога треба да се уплати туристичката такса е трипати поголем од официјалниот, а тоа укажува на можноста дека оптината губи илјадници евра само од неплатена такса.
Заклучоците и информациите од Регионалната работилница за Стратегија за развој на туризмот што ја организираше Општината го говорат следното : Од вкупниот буџет за развој на туризмот во Битола , повеќе од 70% од предвидените пари досега се користеле на една манифестација, остатокот за промотивни материјали. Оттука, локалните туристички работници тврдат дека Битола драстично потфрла во економските ефекти од туризмот: нема мерливи цели за туристичкото трошење, нема доволно локални производи во хотелите и рестораните, а изостанува креирањето на нови туристички производи. Успехот не е само да дојде гостинот на Широк Сокак, туку колку пари оставил во локалната економија.











