Уписот на стан и сите придружни елементи, како квадратура, земјиште, заеднички простории, гаражи ќе се вршат одеднаш и тоа ќе чини 1.250 денари, колку што беше и пред февруари кога Агенцијата одлучи да ги поскапи своите услуги. Целата процедура за враќање на тарифникот ќе трае 15 дена бидејќи прво ќе мора да добие одобрение од Владата. Во последните седум месеци граѓаните оваа услуга ги чинеше најмалку 3.750 денари.
Оправданоста за претходното поскапување вклучуваше повисоки трошоци за струја, гориво, софтверски лиценци и покачување на платите. Претходното раководство побара корекција на тарифата за геодетските услуги, со образложение дека цените се непроменети 10 години.
Ова беше соопштено денеска на средбата помеѓу премиерот Мицковски и заменикот директор на Агенцијата за катастарот за недвижности. Услугите ќе поетинат за четири, пет,шест пати, а тоа значи дека повеќе од еден милион евра ќе останат кај граѓаните беше кажано на средбата.












