Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 03.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 39 годишно лице од Прилеп.
Според соопштението на полицијата на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило, а со повреди се здобиле сопатниците двајца сопатници од возилото исто така од Прилеп.












