ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ФРОНТЕКС ГИ ШТИТИ НАШИТЕ ГРАНИЦИ

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Македонија”, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.

„ Денеска присуствуваме на церемонија на официјално започнување на Заедничката операција, под закрилата на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, а во соработка со нашите припадници на полицијата, кои ја претставуваат нашата држава.

Во оваа прилика, сакам да го поздравам денешниот настан, кој е во духот на нашата цврста заложба и определба Македонија, што поскоро да стане дел од пошироката европска заедница.

Деновиве го одбележуваме шестмесечниот период од потпишување на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, кој Собранието на Република Северна Македонија го ратификуваше на 13 февруари годинава.

Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на пратениците кои што гласаа за ратификување на овој договор, а кои што претходно ја усвоија преку заклучоци и преговарачката рамка со ЕУ, која што составен дел го има договорот ФРОНТЕКС, кој што има исклучително значење во повеќе аспекти за нашата држава.

Горди сме како нација што овој Договор е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, коишто, со овој документ, се поставени на европско рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ.

Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, статусот на македонскиот стандарден јазик се издигнува на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската унија, а нашата култура, јазик и идентитет, се признати и препознаени и во меѓународни рамки. На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени во европското законодавство.

За нас ФРОНТЕКС значи заштита на нашите граници, значи заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи контрола на миграциските движења, значи справување со меѓународниот криминал, значи признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, значи можности за примена на професионални европски стандарди и зачувување на меѓународниот мир и безбедност“ рече меѓу другото Ковачевски.