ТЕРА

REKLAMA???

КОЛЕКТИВ НА МЛАДИ МУЗИЧАРИ-ГОЛА ПЛАНИНА

Повеќе млади бендови и изведувачи, се дел од новиот музички бран што ја размрда и освежи домашната независна сцена во изминативе неколку години. Сега тие се здружија во колективот наречен „Гола планина“. Се работи за млади, амбициозни и визионерски настроени луѓе, што се заложуваат во зачувување, поттикнување и раздвижување на културата во Македонија.

Целта им е да ја вратиат надежта меѓу граѓаните и хетерогената слушачка публика, за домашната музика која активно ги следи сите трендови и популарни бранови. Секој член на колективот твори и застапува творење на македонски јазик, сите здружени уметници во еден момент наоѓаат заеднички јазик и заедно, рака под рака, се впуштаат во организирање настани и креирање. Досега беа присутни на некоку фестивалу, настапи, концерти, меѓу кои и годинешниот Земјотрес фестивал.

„Гола планина“ пред се е концепт за  активно следење и поддржување на младите, нови уметници. Дел од овој концепт се „Луфтанза (Lufthansa)“, „Cut your nipple“, „Хајка!“, „Vagina Corporation“, „Стој, После!“, „Занаду“, Dimish, „Basement cult“, „Conspiracy“, „Зулу 3.4“, KEM, „Дивоградба“, „Peach Vice“ и ATA. И други. Дел од Гола планина се и битолчаните Corrosion.

Неодамна го објавија првото физичко издание – ЦД компилација „Македонски нов бран – селекција за 2022“ од бендовите кои се дел од колективот. Изданието е во колаборација со студентското списание „Умник“. Компилацијата е достапна и на дигиталните платформи Спотифај и Бендкемп и Јутјуб.

За крај ни ијавија дека „Гола планина колектив“ во 2023 година прераснува во независна музичка мрежа / медиум на новиот бран во Македонија.