ТЕРА

REKLAMA???

КОМИСИСКА РАСПРАВА ЗА ЗАВРШНИТЕ СМЕТКИ ЗА ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

На Комисијата за финансии и буџет пред седницата закажана за в понеделник се најдоа завршните сметки за финансиското работење и извештаите за работа на јавните претпријатија во Битола за 2023 година.

Во овој прилог дел од расправата за јавното претпријатие „Комуналец“, советниците прашуваат за долгот, за сработеното, за барањето субвенции, за тоа дали имаат пари за плати, а одговорите ги даваше директорот Степановски.

И новите клупи беа тема за разговор, а Бојкоски побара на писмено да добие одговор кога последен пат биле заменети. Советничката Захариевска-Ралевска го праша директорот дали го има видено градот, кој како што рече таа, половина е во мрак.

За завршнаа сметка на Комуналец се гласаше со два „за“ и два против, или спортски кажано нерешено.

На оваа комисија беа и другите јавни претпријатија и институции чиј основач е Општина Битола.