Пред денешната седница на Советот на Општина Битола, комисијата за финанисии и буџет го одржа продолжението на започнатаа седница, каде се најде и точката од дневниот ред за денешната седница на Советот, односно Одлуката за поднесување на Барање за финансика поддршка до Владата на Македонија за решавање на проблемот со бездомните кучиња – скитници во општина Битола.
За текот на активностите информираше секретарот на Општината, Борче Димитровски, кој даваше одговори на прашањата на членовите на комисијата за процедурите и плановите за решавање на проблемот со бездомните кучиња во Битола.












