„Во победничка атмосфера и одлучност за напредок, континуитет и за европски успех, моите сограѓани вечерва потврдија дека нашиот претседател Стево е вистински избор“ , рече коносителката на листата на СДСМ и Коалицијата за изборната единица пет, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Моите битолчани и битолчанки испратија јасна порака: Сакаат искрен, чесен и одговорен претседател, кој обединува и сплотува околу вистинските вредности.

Сакаме државник што носи големи, непоколебливи и мудри одлуки. Кога се работи за иднината граѓаните немаат време за губење со кандидатка, поддржана од партија која најавува враќање на режим.

Заокружи 1, за нашиот претседател Стево“ вели Костадиновска-Стојчевска.













