ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: ОВДЕ НЕ СМЕ ДА ПРАВИМЕ ЦИРКУС ПРЕД ГРАЃАНИТЕ, ОВДЕ СМЕ ДА РАБОТИМЕ

На последната седница на Советот на Општона Битола во своето обраќање пред советниците, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски побара Советот да го задржи своето достоинство.

„Со име и презиме сум избран од граѓаните. Тие даваат, тие земаат. Ќе има избори, ве повикуваам сите оние кои сакате да се одмерите на тие избори, локални за една година доѓаат, да излезите и тоа јавно да го кажете пред граѓаните.

Денеска сме за друга тематика овде, а тоа е завршната сметка, која повторно кажувам не ми личи на работа или на обична сметка во кафана. Сите други дослушнувања, муабети, кој рекол и како рекол, ве молам да го држите достоинството на ова тело и на Советот и на Градоначалникот, овде не сме да правиме циркус пред граѓаните, овде сме да работиме. И тие тоа од нас го очекуваат.

Неколку пати замолив, дури и се корегирав пред вас јавно, за проектите кои што треба да ги завршиме. Можевме овде заедно пред советот да излеземе како победници сите и да кажеме дека ќе ги завршиме и велосипедските патеки и реконструкцијата на „Парк“, која ќе кошта многу, меѓутоа ќе отпочнеме и ќе ја завршиме.

И за се можеме да разговаравме и вие знаете дека мојаат канцеларија е отворена, многу пати сте дошле и така ќе продолжи и понатаму“ рече Коњановски.