ТЕРА

REKLAMA???

ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“

Утринава, дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко-развојна зона, населба Илинден, ги вознемири вработените, кои веднаш го напуштија објектот додека траеја проверките. Констатирано беше дека се работи за лажна пријава.

Веста ја потврдија и од МВР, пишува „Фокус“:

„На 29.10.2024 год. во 08:20 часот, во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам. Откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.“