ТЕРА

REKLAMA???

ЛЕВИЦА: НЕ ПОСТОИ НОВО МНОЗИНСТВО ВО СОВЕТОТ

По случувањата во четвртокот на седницата на Советот на општина Битола и информациите за наводно ново мнозинство, со демант се огласија од Левица.

„Спинуваните вести дека Левица во Битола партиципирала во ново мнозинство на Советот на Општина Битола најостро ја отфрламе како лага!

Советниците од СДСМ и коалицијата ја напуштија Салата на Советот на Општина Битола, а веднаш потоа им се придружи и претседателката на Советот од Поинаку, Габриела Илиевска.

Кога претседателот на Совет е отсутен, со Советот претседава најстариот член на Советот.

Ги демантираме сите шпекулации дека Левица е дел од било какво мнозинство, бидејќи токму советниците на Левица гласаа ПРОТИВ сите завршни извештаи на јавните претпријатија“ стои во демантот од Левица испратен до медиумите.