ТЕРА

REKLAMA???

„ЛЕТНО НОКТУРНО“ ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ

Дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, вечерва од 21.00 часот во Офицерскиот дом е и концертот насловен „Летно ноктурно со виолончело и клавир“, на кој ќе настапат Сара Једличкова и Камил Ел Ахмади од Чешка.

Вечерашното летно ноктурно, ќе биде исполнето со композициите на Бах, Скарлати, Брамс, Мартину, Јанашек.

Сара Једличкова (Sarah Jedlickova) е родена 1996 година во Брно. 

Во годините 2016 до 2019 година, таа беше активен член на Барокниот оркестар во Прага. Има настапувано неколку пати на концерти за Бохуслав Мартину Фондација и има одржано неколку самостојни рецитали во Чешка, Словачка, Македонија, Канада и Финска. Како музички директор соработува со повеќе солисти како Ема Гогова, Герт Хехер, Евгенија Воробиева, Наталија Швамова, ансамбли – Кукал квартет, Корвус Квартет и оркестри како што е барокниот оркестар на Прашкиот конзерваториум, Чешкиот национален симфониски оркестар и многу други.

Камил Ел-Ахмади (Kamil El – Ahmadieh) е роден на 19 јануари 1994 година.

Во мај 2019 година сними деби албум со дела компонирани од Бетовен, Шопен и Јаначек.

Активен е и како камерен пијанист, како член во различни камерни состави.