Сонцето веќе произведува струја во битолските училишта, а фотоволтаици поставуваат и институциите, и јавните и приватните, а се почести се фотоволтаици и на куќите на домаќинствата. Но, може ли оваа енергија да помогне во затоплувањето на градот во зимските месеци? Одговорот засега го нема, бидејќи нема точна бројка, бидејќи недостига обединет биланс за производство и потребите за греење во Битола.

Битола има сонце и фотоволтаици, но кој ќе го загрее градот? Десет училишни објекти веќе произведуваат струја од сонцето,судовите произведуваат струја и ја продаваат, бизнис секторот е целосно „покриен со зелена енергија“, а во градот наводно се подготвува и проект за соларно централно греење.
Но, без енергетски биланс, складирање и мрежа за создавање и распределба на топлината, сончевата енергија нема автоматски да ги намали сметките на сите битолчани.
Или,
Битола има сонце, има фотоволтаици, а има и голема потреба од поевтино греење. Оттука разбирлива е мислата како овие три работи да се поврзат во систем што ќе им користи на сите граѓани, а не само на објектите со фотоволтаични панели.
Но,

Пребарувањето по интернет говори дека не постои прецизна официјална и јавно достапна бројка за вкупниот број на објекти (куќи, згради и фирми) во Битола кои имаат поставено фотоволтаици. Ниту еден единствен извор: за точни податоци треба да се комуницира и со Агенцијата за енергетика на државата и со ЕВН Македонија како дистрибутер затоа што таму се поврзани т.н производител-потрошувач сопственици на фотоволтаици, и во секторот за урбанизам во градот кадешто се издаваат дозволи за инсталирање на фотоволтаици до 6 киловати и до 40киловати.
Нејсе,
Темата е се што се има, да се искористи за затоплување на социјалните домаќинства кои очекуваат сибвенции , но и сите други домаќинства во градот, за да се намалат трошоците за затоплување и да не се биде зависник од единствениот оператор со струја во државава.
Па,
Се доаѓа до сознанието дека струјата од фотоволтаиците не е исто што и топлината во домовите. На панелите кои произведуваат електрична енергија им се потребни топлински пумпи. Батериите за складирање се веќе друга тема.
Што значи,

Ако Битоа сака сончевата енергија да ја користи за затоплување на целиот град, потребен е многу посериозен план од поставување панели на покривите, вели теоријата на Термоенергетиката од обновливите извори и сонцето.
„Прво, Општината треба да направи целосен енергетски биланс: колку енергија трошат домаќинствата, училиштата, градинките, здравствените установи и деловните објекти, колку произведуваат постојните фотоволтаици и колкава е потребата од топлина во најстудените месеци.“
„Второ, треба да се поврзат производството и потрошувачката. Тоа значи инвестиции во топлински пумпи, соодветна електрична мрежа, батериски системи и складирање топлина, за енергијата да може да се користи кога е најпотребна. Истовремено, подобрата изолација на зградите и замената на старата дограма би ја намалиле количината енергија што градот мора да ја обезбеди.“

„Трето, потребно е централно греење што ќе користи повеќе извори на топлина. Тоа подразбира и да се има проект за соларно централно греење со пресметаните вредности односно капацитет. Сега нема изграден систем.
Но, дури и кога ќе се изгради, треба да се утврди кои населби ќе бидат опфатени, колку ќе чини приклучувањето, како ќе се формираат сметките и дали ќе има поддршка за семејствата со ниски приходи.
Оттука,

Размислата за бесплатно греење на целиот град со постојните фотоволтаици, без единствена јавно достапна информација за произведената струја, може да биде само пуста желба, изразена за потребите на еден телевизиски прилог.











