ТЕРА

REKLAMA???

ЛИНИЈАТА 12 ЌЕ ПРЕВЕЗУВА УЧЕНИЦИ ОД ШЕХЕРЕЗАДА ДО КРЕМЕНИЦА И ОБРАТНО

Уште една вонредна седница на Советот на Општина Битола. По интонирањето на македонската химна се гласаше за оправданоста на барањето за вонреда седница.

Вонредноста беше за дополнување на планот за работа на меѓуопштинскиот превоз на претпријатие „Пелалинк“ за оваа година. Се работи за автобуската линија број 12 од Шехерезада до Кременица и обратно, за превоз на ученици.

Едногласно го усвоија дневниот ред.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски со прашање до директорката на претпријатието зошто сега се прават измените на крајот од полугодието, односно тековната година.

„Значи во планот за работа од 2024 година не беше влезена оваа линија. Моментално учениците останаа без превоз. Моментално се појави шофер и имаме слободно возило, така што можеме да излеземе во пресрет да не останат децата без превоз“ рече директорката на „Пелалинк“, Јагода Неделкова.

Корлевски побара допонително објаснување и доби одговор.

„Моментално останаа или од септември немаат превоз?  праша Корлевски.

„Од септември, да“ одговори Неделкова, додавајќи дека немало шофери.

Таа кажа дека ќе има оглас за вработување на шофери на неопределено време, а во меѓувреме преку агенција. Целта е од први декември да зпочне превозот на децата.

„Шофер од Битола кој сега ќе се вработи преку агенција, агенциско вработување ќе биде. Ќе издадам и оглас за вработување на неопределно време. Меѓутоа за да биде побрзо процедурата е преку агенција да се земи шоферот“ рече таа.

За колку ученици е оваа линија од Битола, односно од Шехерезада до Кременица? Не биле двајца како што праша советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска -Ралевска.

„Двајца ученици се, така директорке“ праша советничката од СДСМ.

Одговор беше дека 19 дечиња се вкупно, а за Кременица се само две дечиња.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска зачудена како дури денеска се бара вонредна седница, констатирајќи, односно прашувајќи дали досега децата немале превоз. Но, советничката Ѓоргиевска појасни за што станува збор за да нема забуна во јавноста дека некој не се грижел за учениците.

„Мислам дека ќе биде 100 процентно точно ова што ќе го кажам. Значи за сите ученици кои што се над 2 километри следува бесплатен превоз кој што оди преку Општина, меѓутоа блок дотациите идат од министерството. За сите оние линии каде што нема превоз, јас знам по децата со посебни потреби кои што учат кај нас, значи нема превоз, на крај на месецот училиштето доставува до општината колку се тие ученици и на трансакциска сметка потоа му се префрла на родителот. Би требало и ова да оди така, бидејќи најверојно заради шофер сме немале линија за да можат учениците да се превезуваат. Инаку законски секој ученик над 2 километри, а учениците со посебни потреби независно од местото на живеење, задолжително им следува превоз“ рече советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓоргиевска.

Се премина на гласање и точката едногласно беше усвоена.