Македонска Ера Трета на овие локални избори ќе натапи со свои кандидати за градоачалник и со совентничка листа. Пред јавноста направија претставување на своите кандидати за градоначалник и на советничката листа.
Македонска Ера Трета – независни листи суверенисти на овие локални избори пред битолчани нудат политика на обединување во итнерес на напредок на градот. Предлагаат 31 кандидат за советници и ја поддржуваат кандидатката за градоначалник Мирјана Мирчевски. Луѓе кои големите партии не ги сакале затоа што биле паметни и вредни, вели Горан Тасковски, лидерот на политичката партија.
Жарко Кочишки е носител на советничката листа – прв е на списокот од 31 потенцијален советник. Доколку битолчани пак своите гласови ги поделат на најголемите партии кои ја креираат политиката на државата во цело време на македонската независна држава, значи се задоволно од тоа како се одвиваат работите и каков е нивниот живот, вели тој.
Депонија за 18 општини во Пелагонија не е добро решение, а општинската власт треба да биде доволно гласна во заштита на интересите на граѓаните што ги претставува, вели кандидатката за градоначалничка Мирјана Мирчевски. Таа е бизнисмен од градот, мајка и сопруга која, како и многумина се соочуваат со проблемите на образованието, здравството, водењето бизнис во наши услови.
Ветувањата за водоснабдување, канализација во овој 21 век е неразбирливо – најпрвин тоа е редовна работа на локалната самоуправа. Но, досега Битола не била гласна за своите итереси, а Мирјана Мирчевска со советничката група на Македонска Ера Трета – независни листи-суверенист токму тоа сакаат да го променат. Битолчани да не бидат партиски поделени туку обединети во својот заеднички интерес.
За дел од платформата повеќе од изјавите на Горан Тасковски, Жарко Кочишки и Мирјана Мирчевски во следнта врска што ве води до YouTube.
—