ТЕРА

REKLAMA???

МАРИО ТАНКОВСКИ ВО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ДО ЈУНИ 2025 ГОДИНА

Марио Танкоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер, заклучно со јуни 2025 година. Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот.

Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во зелениот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис. Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности.